Faruk Zorlu
22 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 53 лица се приведени денес поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Приведувањата се извршени откако обвинителите во Анкара издадоа налози за апсење на 92 лица, поранешни вработени во Воздухопловните сили, разрешени по неуспешниот пуч. Ним им се суди за комуникација преку телефонски говорници со членовите на ФЕТО“, се вели во соопштението на највисокото Обвинителство.
Операцијата е извршена низ 22 турски области.
Обвинителите во северозападната област Бурса издадоа налози за приведување на 46 осомничени лица, вклучувајќи 26 војници на должност, поради наводи за комуникација со тајните имами на организацијата.
Операцијата за приведување на осомничените е во тек.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули, 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.