Zafer Göder
06 Јули 2019•Ажурирај: 08 Јули 2019
БОЛУ (АА) - Полицијата во црноморскиот регион на Турција, во градот Болу, заплени 72 милиони долари вреден радиоактивен калифорниум, елемент кој се користи во нуклеарно оружје и реакторите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на гувернерот во Болу е наведено дека полицискиот оддел за борба против криумчарење и организиран криминал спровел акција во чии рамки е следен еден автомобил.
Сомнителниот автомобил е запрен, а по детална претрага во него се пронајдени 18,01 грама калифорниум, радиоактивна супстанција која се користи за нуклеарно оружје и во атомски електрани.
Наведено е дека запленетиот калифорниум вреди околу 72 милиони долари, а запленетото количество на калифорниумот е проследено до Турската агенција за атомска енергија.
Во врска со заплената уапсени се најмалку пет лица, против кои е покрената истрага.