Başak Akbulut Yazar
22 Декември 2022•Ажурирај: 23 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 20 лица се приведени во Туркије поради сомнение за поврзаност со терористичката ФЕТО, организацијата која стои зад обидот за пуч во Туркије во 2016 година, соопштија денеска безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Приведувањата се спроведени откако обвинителите во Истанбул издадоа налози за 21 лице кои се товарат за членување во терористичката организација“, соопштија изворите.
Безбедносните сили приведоа вкупно 20 осомничени во истовремени операции низ Истанбул, додека во тек е операцијата за фаќање на преостанатиот осомничен.
ФЕТО го организира неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Туркије, во кој загинаа 251 лице, додека 2.734 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.