Seda Sevencan
09 Декември 2022•Ажурирај: 10 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Денеска во Истанбул започна шестото издание на „ТРТ Ворлд форум“ дводневен годишен настан на кој се разговара за глобалните проблеми, јавува Агенција Анадолија (АА).
На Форумот, кој оваа година се одржува под тема „Мапирање на иднината: несигурности, реалности и можности“, се собраа академици, новинари, интелектуалци, политичари и членови на граѓанското општество од целиот свет.
Шестото издание на Форумот започна со воведниот говор на Мехмет Захид Собачи, генерален директор на ТРТ, јавниот радиодифузен сервис на Туркије.
„За подобра иднина, треба да ја откриеме сегашната ситуација со сета нејзина јасност, да го оцениме потенцијалот за претворање на несигурностите во можности и заедно во надеж да ја носиме иднината на светот“, рече тој, објаснувајќи ја темата на Форумот.
Речиси 100 говорници и над 1.000 учесници од речиси 40 земји присуствуваат на Форумот, според Собачи.
Меѓу сесиите и дискусиите оваа година се: „Хранење на светот: Обезбедување глобална безбедност на храната во време на криза“, „Решавање на конфликти и градење мир: Обликување на иднината на глобалното лидерство“, „Светот во неред: Враќање на геополитиката?“ и „Разоружување на дезинформациите: Одбрана на вистината во дигиталната ера“.
На Форумот ќе има и сесии на теми: Војната меѓу Украина и Русија, глобалната миграција и енергетската криза.