Halife Yalçınkaya
19 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
СИВАС
Есенските бои го украсуваат езерото Ѓокпинар кое потсетува на природен аквариум со својата кристално бистра вода и тиркизно-сина нијанса, сместено во местото Ѓурун, во турската област Сивас, известува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од Кабинетот на Гувернерството, езерото, кое е оддалечено 147 километри од центарот на градот, често е посетувано од љубителите на природата и од рибарите.

Езерото, кое им нуди различна убавина на своите посетители секоја сезона, фасцинира со боите на есента.
Сончевата светлина што допира до најдлабоките точки на езерото, кое наликува на аквариум кога се гледа одозгора, на посетителите им нуди прекрасна глетка исполнета со сиот спектар на есенски бои.

Езерото Ѓокпинар, каде што љубителите на природата уживаат во активности како што се кампување, пешачење, фотосафари и пловење, имаат можност за индивидуално нуркање или обука за нуркање.
Во водите на езерото во кое уживаат голем број домашни и странски нуркачи, богатиот подводен свет и водите што извираат од дното на езерото создаваат прекрасна визуелна слика.
