Orhan Onur Gemici
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека по откривањето на 18 терористи на ПКК во подрачјето на Кандил, во северниот дел на Ирак, тие се неутрализирани во воздушна операција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Турција на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека во подрачјето на Кандил во северниот дел на Ирак откри 18 терористи на ПКК, благодарение на екипите за извидување и надзор.
Спроведена е воздушна операција во која се неутрализирани терористите.