Турција

Велосипедистите од Македонија го посетија Спомен-гробот на загинатите херои на 15 јули

- Градоначалникот на општина Ејупсултан, Ремзи Ајдин, на Спомен-гробницата на загинатите херои од 15 јули, даде изјава за новинарите, во која истакна дека се домаќини на велосипедистите кои пристигнале од Македонија.

Andaç Hongur  | 14.07.2018 - Обновена : 15.07.2018
Велосипедистите од Македонија го посетија Спомен-гробот на загинатите херои на 15 јули

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Велосипедистите од Македонија, Даим Мухарем, Левент Рифат и Бекир Калиси, кои тргнаа од Скопје, пристигнаа во Истанбул, Турција, и го посетија Спомен-гробот на загинатите херои на 15 јули и гробот на Абдула Таип Олчок, јавува Anadolu Agency (AA).

Градоначалникот на општина Ејупсултан, Ремзи Ајдин, на Спомен-гробницата на загинатите херои од 15 јули, даде изјава за новинарите, во која истакна дека се домаќини на велосипедистите кои пристигнале од Македонија.

Градоначалникот Ајдин рече дека идејата тројцата велосипедисти од Македонија да изминат пат долг 850 километри, потекнува од Даим Мухарем, кој, следејќи ги настаните на 15 јули, бил трогнат од случувањата таа вечер и од смртта на Абдула Таип Олчок, и му соопштил на својот татко дека посакува да го посети неговиот гроб во Истанбул.

Зборувајќи за славниот отпор и одлучноста што турскиот народ на 15 јули, под водство на претседателот Ердоган го прикажа против пучистите, распрскувајќи ги, градоначалникот Ајдин рече: „Нашиот народ, особено младите, треба да бидат будни, наспроти предавничките аспирации. Верувам дека случувањата во последниот период ќе го продолжат рефлексот на излегување во пресрет на патот по кој одиме, за зачувување на истата свест, историја, култура и цивилизација“.

Градоначалникот рече дека велосипедистите од Македонија минатата недела тргнале на пат во спомен на загинатите херои од 15 јули и вчера пристигнале во Истанбул.

Зборувајќи за чувствата при посетата на Спомен-гробницата на загинатите херои од 15 јули, велосипедистот Мухарем изјави: „Размислувајќи што би можел да направам во чест на починатите херои од 15 јули и за Абдула Таип Олчок, посакав да возам велосипед од Македонија до нивниот вечен дом.“

Велосипедистите од Македонија, по посетата на Спомен-гробницата, се упатија на гробиштата „Караџаахмет“, и го посетија гробот на Абдула Таип Олчок.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.