Sevgi Ceren Gökkoyun
06 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, денеска во Анкара изјави дека во тек е производство на 150 прототипа на првиот турски автомобил, јавува Агенција Анадолија (AA).
„На прототипите ќе бидат направени сите тестирања, така што сериското производство ќе започне на почетокот на 2022 година“, рече Варанк како гостин на Уредничкиот деск на АА во Анкара.
Тој истакна дека се започнати процеси за апликации за заштита на правата за дизајнот на автомобилот во Европа, Русија и САД.
Варанк потсети и на Програмата за истражувачко лидерство, поддржана од државата Турција, истакнувајќи дека во рамките на тој проект ќе биде пружена поддршка за 127 истражувачи, од кои 29 се странски државјани.