Турција

Боздаг: „Европа треба да биде фер и непристрасна кон Туркије“

„Туркије има највисока стапка на усогласеност со одлуките на Европскиот суд за човекови права во споредба со другите земји“, изјави Боздаг на 13. Конференција на амбасадори во Анкара

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 10.08.2022 - Обновена : 12.08.2022
Боздаг: „Европа треба да биде фер и непристрасна кон Туркије“

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, изјави дека Туркије очекува Европскиот совет и институциите на Европската Унија да имаат фер и непристрастен пристап кон земјата како дел од правната соработка, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Туркије има највисока стапка на усогласеност со одлуките на Европскиот суд за човекови права во споредба со другите земји“, изјави Боздаг на 13. Конференција на амбасадори во Анкара.

„Вкупната стапка на усогласеност на земјите кои се обврзаа да ги почитуваат одлуките на Европскиот суд е 80,14 отсто, додека Туркије има стапка од 87,90 отсто.“

„Ги почитувавме и ги спроведовме одлуките на Европскиот суд за човекови права“, рече Боздаг.

Цитирајќи ги критиките за Туркије во врска со случајот на Осман Кавала, министерот за правда рече: „Турскиот суд ја спроведе и ја исполни одлуката на Европскиот суд за прекршување на правата во врска со Осман Кавала.“

Сепак, тој додаде „Тој [Кавала] беше уапсен за друго кривично дело, друго судење, а неговото судење продолжи и сега е во затвор.“

- Случајот на Кавала -

Кавала се соочува со обвиненија поради протестите во паркот „Гези“ во 2013 година, мали демонстрации во Истанбул кои подоцна прераснаа во општонародни немири во кои загинаа осум демонстранти и полициски службеник.

Тој беше ослободен од сите обвиненија во февруари 2020 година, но Апелациониот суд ја укина пресудата во јануари.

Кавала беше обвинет и за вмешаност во неуспешниот пуч во 2016 година, организиран од терористичката организација ФЕТО. Имплементираната одлука не може да се опише како „неспроведена“.

„Она што го очекуваме од Советот на Европа и од институциите на ЕУ е да бидат фер и непристрасни кон Туркије“, порача министерот Боздаг.

Тој, исто така, наведе голем број одлуки на Европскиот суд за човекови права кои не биле спроведени од некои земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција, Франција и Шпанија.

- Барања за екстрадиција на терористи -

Во врска со барањата на Туркије за екстрадиции од земјите на ЕУ и САД, Боздаг рече дека земјите членки на ЕУ и САД ги штитат терористите и терористичките водачи и дека тие не ги екстрадираат терористите.

Истакна дека од 2012 до 2022 година Туркије побарала 1998 правни соработки од странски земји за кривични дела поврзани со тероризмот.

„Досега, 735 од нив се одбиени, 18 од нив се прифатени, а другите сè уште немаат одговор“, рече Боздаг, додавајќи дека Туркије поднела 893 барања до земјите на ЕУ, 500 од нив биле одбиени, а само четири прифатени.

„Останатите [барања] се повлечени поради смрт или поради завршување на случајот во турските судови.“

Боздаг, исто така, рече дека Туркије повторно поднела најмалку 236 барања за екстрадиција до САД од 2012 до 2022 година и дека 20 од нив се одбиени, додека ниту едно сè уште не е прифатено.

Осврнувајќи се на правната соработка за барањата за екстрадиција на терористи или кривични дела поврзани со тероризмот, тој рече дека „за жал, Европа останува слепа на барањата на Туркије и таа дејствува многу заштитнички“, истакнувајќи дека Европа, исто така, ги „штити“ таквите терористи и нивната терористичка пропаганда против Туркије.

Во врска со екстрадицијата на Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, кој живее во американската сојузна држава Пенсилванија, Боздаг нагласи дека досието на терористот Ѓулен „претставено во САД е најдобро опремено во однос на доволни докази“.

Министерот Боздаг им порача на своите колеги дека доколку не се случи екстрадиција (решение) од ова досие, нема да има екстрадиција од кое било друго.

Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

Обраќајќи им се на дипломатските претставници во Туркије на третиот ден од конференцијата турскиот министер за надворешни работи, Чавушоглу, рече дека Турција „е земја која најмногу страда од тероризмот“.

„Со години одржуваме деликатна рамнотежа помеѓу правдата и безбедноста. Овие прашања претставуваат важен дел од нашата должност во странство. Се бориме против пропагандата и обвинувањата и на ПКК и на ФЕТО и на другите терористички организации против нашата земја“, рече тој.

Истакнувајќи дека „модерната дипломатија е повеќеслојна, со засегнати страни и актери“, Чавушоглу рече дека неговото министерство соработува со Министерството за правда за чувствителни прашања за надворешната политика.

Во нејзината 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и доенчиња.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.