Aldıjana Hadzıc
29 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
БИТЛИС (АА) - Изворите со термални води во местото Будакли, што припаѓа на турската покраина Битлис, во текот на целата година привлекуваат посетители, па дури и кога температурата на воздухот е под нулата, јавува Anadolu Agency (AA).
Фоторепортерот на АА забележа глетка на капење биволи, коњи, но и на локални жители во термалните извори. Во топлата вода подеднакво уживаат и животните и луѓето.
Овие лековити извори на термална вода ги посетуваат илјадници туристи секоја година. Но, за време на зимските месеци на изворите се собираат само жителите со своите стада, по пасење.
Глетката постојано ги воодушевува фотографите, коишто се обидуваат да направат фотографии што ќе бидат на насловните страници.