АНКАРА (АА) - СЕРТАЧ БУЛУР/ОРХАН ОНУР ГЕМИЏИ –
Дирекцијата за безбедност на Република Турција, објави извештај „Иделогијата на ФЕТО“, кој настана со анализа на сите книги и предавања на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, и врз основа на истрагите што во Турција се водат против таа организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ФЕТО во 1970-те години започна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, така што во 1980-те години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и во јули 2016 година изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт на Турција.
Извештајот кој се состои од 181 страници со текст, го подготвија екипите од Одделот за борба против тероризам, а во него се истакнува дека ФЕТО преку злоупотреба на верски и други чувства кај луѓето, ја ширел својата мрежа во општеството, сè додека не се откриени тајните и темни страни на таа организација.
Во Извештајот се наведува дека со одлучната борба на Турција е откриено вистинското лице на таа опасна терористичка организација, која сè потешко ги задржува своите поданици на собирите. Во тек е процесот за ликвидација на сите структури на ФЕТО, којашто од економски и политички аспект, започна да се распаѓа во декември 2013 година, кога инфилтрираните припадници на таа организација во правосудните институции на Турција се обидоа да ја срушат легитимната државна власт.
Откако не успеа ни пропагандната кампања којашто терористите на ФЕТО ги претставуваше како жртви на системот, ФЕТО со посредство на инфилтраните поданици во безбедносните сили, во јули 2016 година, се обиде да изврши државен удар во Турција. ФЕТО не успеа ни со тој брутален и предавнички чин да ја оствари целта - рушење на легитимната власт во Турција, а припадниците на таа терористичка организација пред турските правосудни органи одговараат за сите дела што ги сториле.
Во извештајот „Идеологијата на ФЕТО“, се нагласува и дека Ѓулен со злоупотреба на верата се обидел да стекне критична маса поданици за преземање на контролата над Турција, а потоа и во другите региони од светот во кои дејствува.
Големиот проект за окупација на Турција, ФЕТО го спроведуваше под плаштот на продемократска реторика и злоупотреба на верските чувства, а целта требаше да биде спроведена со посредство на инфилтираните терористи во сите важни државни апарати на Турција. Стратегијата на ФЕТО вклучуваше и преземање на контролата над медиумите и националните интереси на Турција, а ликвидирани се сите што во таа организација застанале на тој пат.
И самиот Ѓулен го окарактеризираше проектот за рушење на Турција како технички нокаут на земјата.
„Сметам дека мора да бидеме многу тактични, бидејќи всушност мора да зададеме технички нокаут на спротивната страна. Важно е да се научи таа техника, а сето друго е неважно. Всушност, треба да се развие техниката и да се примени во рамките на овој круг“, наведуваше Ѓулен во обраќањето кон своите поданици.
Во Извештајот се наведува дека Ѓулен, преку најефикасни методи на комерцијалните техники изградил мистична харизма, а потоа кај поданиците и симпатизерите на ФЕТО е прифатен како посебно и натприродно битие. Меѓу членовите на ФЕТО е проширена култура на апсолутно подаништво и авторитативна надмоќ на Ѓулен, кој се претставуваше како некој што може да ги реши сите проблеми и да обезбеди подобар живот за сите што безусловно го слушаат.
Исламот беше едно од средствата кои ФЕТО ги користеше и злоупотребуваше во обид за остварување на терористичките цели.
Со анализа на книгата и видео-снимките од обраќањата на Ѓулен, утврдено е дека пораките ги ширел на четири основи. Првата и најчеста основа на ширење на пораките е тајниот систем на комуникација и шифрирани пораки поврзани за стратегијата на воспоставување нов економски, политички и општествен поредок на ФЕТО. Злоупотребата на верските начела за придобивање на членовите и претставувањето на Ѓулен како натприроден и од Бога одбран водaч, сe уште два важни елементи во ширењето на идеологијата на ФЕТО. Четвртиот вид пораки на Ѓулен се отворените политички пораки кои се застапени во само еден отсто од случаите.
ФЕТО се претставуваше како „Хизмет“ („Hizmet“) и следеше јасна стратегија за остварување на целите. Таа терористичка организација светот го делеше на два дела, следбеници на таканаречениот „Хизмет“ на една и сите други луѓе на друга страна. Следбениците на организацијата се нарекувани златна генерација, а сите што не мислат како нив се прогласувани за непријатели.
Идеологијата на ФЕТО е базирана на идеите и мислите на водачот на организацијата, Ѓулен, а таа вклучува политичка, економска и општествена компонента.
Со преземањето на контролата над законодавството, извршната и судска власт на Турција, ФЕТО имаше за цел да стекне силна позиција на меѓународен план.
„Фетула Ѓулен правел сè за создавање нов модел на луѓе, еднообразни личности кои би го сочинувале новото општество што во потполност ќе биде подредено на целите на организацијата ФЕТО. Така требаше и да биде воспоставен системот на управување на општеството во целина“, се наведува во Извештајот на Дирекцијата за безбедност на Турција.
news_share_descriptionsubscription_contact
