Abdulselam Durdak
20 Октомври 2023•Ажурирај: 21 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската компанија за одбранбена индустрија „Бајкар“ подготвена е да му испрати парична помош на народот на Газа во вредност од 10 милиони долари, пренесува Анадолу.
Селчук Бајрактар, претседател на Управниот одбор на „Бајкар“, на социјалната мрежа Х објави дека во Газа се одвива една од најтешките трагедии во човечката историја.
Наведувајќи дека Израел масакрира недолжни цивили, вклучително жени и деца, Бајрактар порача:
„(Израел, заб. на ав.) Прави воени злосторства бомбардирајќи болници, училишта и верски објекти. Оние што својот идентитет ѝ го должат на борбата против геноцидот денес ги бараат своите права користејќи геноцид. Меѓународната заедница мора да преземе нешто и итно мора да се воспостават мир и правда.“
Наведувајќи дека се подготвени да ѝ дадат хуманитарна помош на Газа, Бајрактар рече:
„Како ‘Бајкар’, подготвени сме да испратиме 280 милиони лири (околу 10 милиони долари) хуманитарна помош за луѓето во Газа. Го повикуваме целото човештво да преземе акција за да се запрат масакрите во Газа. Да се молчи значи да се биде соучесник во овие масакри.“