Турција, економија

Турскиот министер за финансии на средба со инвеститори во Франција

„Нема да оставиме непосетено место бидејќи нашата цел е да ги зголемиме директните инвестиции во Туркије“, изјави Шимшек

Deniz Çiçek Palabıyık  | 19.10.2023 - Обновена : 20.10.2023
Турскиот министер за финансии на средба со инвеститори во Франција

АНКАРА (АА) - Министерот за трезор и финансии на Туркије денес ќе оствари средба во Париз во рамките на неодамнешната серија разговори со странските инвеститори, со цел да ги елаборира економските политики на земјата, јавува Анадолу.

Мехмет Шимшек ќе се состане со инвеститорите во Франција, по контактите во земјите од Заливот, Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија, изјавија извори за Анадолу.+

За време на неговата посета тој одделно ќе оствари средба со Кармин ди Ноја, директор на Одделот за финансиски и корпоративни работи на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), и со францускиот министер за финансии Бруно ле Мари.

Шимшек ќе се сретне со француски и германски инвеститори на вечерата на Француско-германскиот форум, каде што ќе говори за новите економски политики на Туркије, како и за целите и подготовките за реформи во нејзината Среднорочна програма.

Шимшек претходно изјави дека во наредните недели планира да ги посети Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати, Доха во Катар и Ријад во Саудиска Арабија.

„Нема да оставиме непосетено место бидејќи нашата цел е да ги зголемиме директните инвестиции во Туркије“, изјави Шимшек претходно овој месец во телевизиско интервју.

„Исто така, планираме наскоро да го посетиме и Далечниот Исток“, додаде тој.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.