Cankut Taşdan
25 Август 2021•Ажурирај: 26 Август 2021
АНКАРА (АА) - Баран терорист е неутрализиран во антитерористичка операција во областа Ван, источна Турција, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Фидан Куртпинар, под кодно име „Роџин Амед“, беше цел на операција поддржана од воздух од страна на обласните жандармериски сили, како дел од операцијата „Ерен“ на 19 август“, се вели во соопштението. Неутрализирани се и двајца други терористи.
Операцијата „Ерен“, именувана по Ерен Булбул, 15-годишник убиен од терористичката ПКК во 2017 година, започна во јануари за да се елиминира тероризмот во земјата.
Членот на сепаратистичката организација, Куртпинар, се наоѓаше во сивата категорија на листата барани терористи од страна на Министерството.
Листата на барани терористи на турското Министерство за внатрешни работи е поделена на пет категории: црвена како најбарана, потоа сина, зелена, портокалова и сива категорија на барани.
Не е прецизирано во која терористичка организација припаѓа терористот, но терористичката организација ПКК е активна во таа област.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени.