Seyfullah Uzun
25 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
АМАСИЈА
Зекије Артут (71), која живее во градот Сулуова во турската област Амасија, со љубов се грижа за трите желки што ги вдоми во својата градина, известува Агенција Анадолија (АА).
Мажена и мајка на четири деца, Артут при нејзината посета на Истанбул пред 15 години, кај децата забележала мала желка. Загрижена животното да не им наштети на децата, Артут при заминување за Амасија со себе ја зела и малата желка.
На Артут, која од тој ден не се разделила од животното, пред неколку месеци децата ѝ донесоа уште едно младенче на желка.
По извесно време, Артут пред вратата на својот дом најде уште една малечка желка, па така почна да ги чува трите желки во својата градина.
Артут за новинарите, изјави дека откако од Истанбул ја донела првата желка, две години ја чувала во влечка бидејќи била многу мала, а по некое време ја оставила во својата градина.
„По некое време исчезна, не можев да ја најдам. Не знаев дека влегуваат под земја. Многу се натажив. Поминаа година-две, и додека работев во градината, забележав дека ми се приближила. Не можам да ви раскажам колку бев среќна во тој момент. Се плашев кога ќе ги видев во планините, но сега не можам да се одвојам од нив“, рече Артут.
Зборувајќи дека во дворот засадила зеленчук што желките сакаат да го јадат, Артут рече дека ги храни со зелена салата, краставица, зелка и салама.
Артут раскажувајќи дека ја посетуваат љубители на желки, продолжи со зборовите „Доаѓаат да нѐ посетат и луѓе надвор од нашата област. Од Истанбул пред 15 години донесов желка во кибрит-кутиче, а денес се обидувам да се грижам за три желки. Целиот ден го поминувам со нив.“