Faruk Zorlu
21 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
ХАТАЈ (АА) - Турција денес започна со спроведување на опсежни операции за набудување на сириската граница со употреба на балони, произведени од турскиот гигант во одбанбената индустрија „Аселан“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Распоредени во граничните области на Рејханли во јужната турска област Хатај и преку границата, во сириската северозападна покраина Идлиб, „Карагоз“, со својата монтирана широкоопсежна камера, може да скенира површина од осум квадратни километри.
Седумнаесет метарскиот балон може да работи на надморска височина до 500 метри и е наменет за извршување набљудувачки мисии, за собирање на разузнавачки информации, како и за користње на своите способности за рано предупредување за заштита на воените бази и критичните објекти.
Може да се адаптира за различни видови задачи со различни опции на носивост, вклучувајќи електро-оптички камери и стабилизирани можности за набудување од 360 степени.
„Аселсан“ е најголемата компанија на полесто на одбранбената индустрија во Турција и меѓу првите 100 компании во светот.