Ayşe Hümeyra Atılgan
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Турција, Тугрул Туркеш, изјави дека убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, беше втора провокација на оние коишто целат на пријателството меѓу Турција и Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Тугрул Туркеш изјави дека сторителите не го убиле Карлов, туку го врежале во историјата.
„Карлов стана бесмртен симбол на пријателството меѓу Турција и Русија“, изјави Туркеш.
Тој своите забелешки ги искажа по кратката државна церемонија на Меѓународниот аеродром „Есенбога“ во Анкара, каде што посмртните останки од амбасадорот беа сместени во авион за да бидат вратени во Русија.
Неговата сопруга и семејството присуствуваа на свеченоста на која се одржаа проштални говори и беа кажани молитви.
На церемонијата присуствуваа министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, како и голем број високи дипломати од Русија и Турција.
„Загубивме пријател“, рече Туркеш, кој повтори дека амбасадорот работел на тоа да ги подобри билатералните односи меѓу двете земји.
„Нашата решителност е голема колку и нашата болка, односите на Турција и Русија ќе станат поцврсти од кога било“, нагласи тој.
„Почивајте во мир, господине амбасадор“.
Карлов беше застрелан синоќа, на церемонијата за отворање на уметничка галерија во Анкара. Тој беше застрелан од страна на напаѓачот во моментот кога држеше говор на церемонијата.
Карлов беше сериозно повреден и веднаш беше пренесен во болницата „Ѓувен“, во областа Чанкаја, каде што подоцна беше констатирана смрт.
Специјалните полициски единици го неутрализираа напаѓачот (Мевлут Мерт Алтинташ, 22) во операција што траеше околу петнаесетина минути.
Претходно денес, во текот на попладневните часови, Русија испрати авион за да го земе телото на амбасадорот и испрати истражувачки тим, кој се состои од обвинител и двајца аташеа на одбраната.
Како што претходно изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, беше формирана заедничка комисија за да се спроведе истрага за убиството.
Москва и Анкара се согласија дека атентатот на амбасадорот бил провокација за подобрените односи меѓу двете земји.