Diyar Güldoğan
17 Мај 2023•Ажурирај: 18 Мај 2023
АНКАРА (АА) - Анкара ја повика Германија да ги ослободи турските новинари приведени во Франкфурт по објавената веста за активностите на терористичката организација ФЕТО во Германија, која стои зад неуспешниот пуч во Туркије во 2016 година, пренесува Анадолу.
„Приведувањето на новинарите на весникот 'Сабах' во Франкфурт од страна на германската полиција денес без оправдување е чин на малтретирање и заплашување против турскиот печат. Ние силно го осудуваме овој грозоморен чин“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
„Очекуваме итно ослободување на новинарите што беа цел на лажно осудување од страна на член на ФЕТО поради нивната вест за активностите на терористичката организација ФЕТО во Германија“, се додава во соопштението.
Во Германија се преземени неопходни иницијативи во врска со ова прашање, а нашата силна реакција е пренесена до германскиот амбасадор во Анкара, Јирген Шулц, кој беше повикан денес, соопшти Министерството.