Ömer Süt
25 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
ИЗМИР (АА) - На американскиот свештеник Ендру Креjг Брaнсон, обвинет за шпионажа и активности во име на ПКК и ФЕТО, казната му е преиначена во домашен притвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Брaнсон беше уапсен кон крајот на 2016 и оттогаш се наоѓа во притвор. Обвинет е за активности и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и ФЕТО.
На барање на Oбвинителството, судот во Измир на 18 јули му изрече мерка притвор на американскиот свештеник за време на судската постапка, но поради неговите здравствени проблеми таа мерка е преиначена во домашен притвор.
Во обвинението се наведува дека контактирал со членовите на терористичката организација ФЕТО. Освен тоа, наведени се и неговите пораки дека му е жал што не успеал државниот удар во Турција, коj припадниците на ФЕТО се обидоа да го извршат на 15 јули 2016 година.
На Брaнсон му се заканува затворска казна во траење до 35 години.