Zuhal Demirci
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Американскиот амбасадор во Анкара, Дејвид Сатерфилд, е повикан во турското Министерството за надворешни работи, за нацрт-законите изгласани во Претставничкиот дом на САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од дипломатски извори, амбасадорот Сатерфилд е повикан во Министерството поради резолуцијата за настаните од 1915 година усвоена во Претставничкиот дом на САД, која нема ниту историска ниту пак, правна основа, и поради нацрт-законот кој предвидува санкции за Турција поврзани со операцијата „Извор на мирот“.
Во писмената изјава на Министерството за надворешни работи се истакнува дека се отфрла резолуцијата за таканаречениот „ерменски геноцид“, која е усвоена во Претставничкиот дом на САД, и дека одлуката е донесена од домашно политички мотиви и нема историска и правна основа.
Во соопштението на Министерството, исто така, силно се осудува усвојувањето на нацрт-законот во Претставничкиот дом на САД, кој предвидува санкции за Турција поврзани со операцијата „Извор на мирот“.