Aynur Ekiz
08 Јануари 2019•Ажурирај: 08 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Делегацијата на Република Турција на чело со Ибрахим Калин, портпаролот на Кабинетот на претседателот на оваа земја, се состана со американската делегација на чело со советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Болтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот одржан во претседателската палата траеше нешто подолго од два часа.
Турската делегација се состоеше од заменик-министерот за надворешни работи, Седат Онал, заменик-министерот за одбрана, Јунус Емре Караосманоглу, заменик-шефот на разузнавачката служба (MIT), Џемалетин Челик и други официјални претставници.
Делегацијата на САД се состеше од началникот на Генералштабот на американската војска, Џозеф Данфорд, специјалниот претставник на Глобалната коалиција, Џејмс Џефри и други официјални претставници.