Diyar Güldoğan
23 Ноември 2022•Ажурирај: 24 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Туркије неутрализира 254 терористи на ПКК/ЈПГ како дел од својата прекугранична воздушна операција во северен Ирак и Сирија, изјави денеска турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Досега, 471 цел се под оган во рамките на операцијата, а 254 терористи се неутрализирани“, истакна Акар во оперативниот центар на Командата на копнените сили во главниот град Анкара.
Во неделата утрото, Туркије ја започна операцијата „Канџа-меч“, прекугранична воздушна кампања против терористичката организација ЈПГ/ПКК која има засолништа близу ирачката и сириската граница, од каде што се планираат напади на турска територија.

Воздушната операција на Туркије уследи по терористичкиот напад на ЈПГ/ПКК на 13 ноември на преполната улица „Истиклал“ во Истанбул, во кој загинаа 6 лица, а 81 беа повредени.
„Терористите подло нападнаа цивилни цели. Ќе ги замолчиме што е можно побрзо“, додаде Акар.
„Анкара цели само кон терористите и нивните засолништа за време на операцијата“, повтори Акар, нагласувајќи: „Ние немаме никакви проблеми со ниедна етничка или верска група, ниту со нашите курдски или арапски браќа.“
По започнувањето на воздушната операција, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сигнализира и можна копнена операција во северен Ирак и северна Сирија за елиминирање на терористичката закана, нагласувајќи: „Ова не е ограничено само на воздушна операција.“