Büşra Nur Çakmak
22 Ноември 2022•Ажурирај: 22 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Туркије неутрализира 184 терористи на ПКК/ЈПГ во рамките на својата прекугранична антитерористичка операција, соопшти турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рано во неделата, турските сили ја започнаа операцијата „Канџа-меч“, прекугранична воздушна кампања против терористичката организација ПКК/ЈПГ, која има засолништа во северен Ирак и северна Сирија, каде што планира напади на турска територија.
„Од почетокот на операцијата „Канџа-меч, 184 терористи се неутрализирани со возила за артилериска копнена поддршка и авиони“, рече Акар во оперативниот центар на Командата на копнените сили во главниот град Анкара.
Тој нагласи дека 89 цели, меѓу кои засолништа, бункери, пештери, тунели и магацини на терористите, се уништени во првата фаза од операцијата.
„Турските вооружени сили покажуваат [ниво на] чувствителност што го нема покажано ниту една армија за да не им се нанесе штета на цивилите, животната средина, историските, културните и верските објекти, како во планирањето, така и во извршувањето на активностите. Турската армија ќе направи сè што е потребно во согласност со сите овие чувствителности до крај“, потенцира турскиот министер.
Акар го информира и претседателот Реџеп Таип Ердоган за последното напредување на операцијата.