Tuba Onğun
06 Јули 2022•Ажурирај: 07 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Мега аеродромот во Истанбул, Туркије (Турција), забележа најголем број летови во Европа од 29 јуни до 5 јули според европската организација за безбедност во воздушната навигација (Eurocontrol), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Аеродромот остварил просек од 1.346 лета на дневно ниво во последните седум дена, покажаа податоците на „Евроконтрол“.
Бројката беше зголемена за 6 проценти споредбено со периодот пред пандемијата во 2019 година.
Сообраќајот достигна 30.696 лета на дневно ниво во Европа, што е пораст од 87 проценти од 2019 година.
По аеродромот во Истанбул следуваат аеродромот во Амстердам со 1.266 лета, Парис („Шарл де Гол“) со 1.223 и аеродромот во Франкфурт со 1.156 лета за време на истиот период.