Kerem Kocalar
27 Јуни 2018•Ажурирај: 27 Јуни 2018
АДИЈАМАН (АА) - Најмалку едно лице загина во авионска несреќа која утринава се случи во Адијаман на југоисточниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
На периферијата на подрачјето Бесни во областа Адијаман утринава се урна помал авион за обука на пилоти во сопственост на Универзитетот во Газиантеп (ГАУН).
Ректорот на ГАУН, Али Гур за АА потврди дека пилотот студент загинал при пад на авионот.
„Нашите два авиони за обука на пилоти рано утринава полетаа од аеродромот во Газиантеп, а еден од нив се урна. Причината за несреќата ќе биде предмет на истрага, а на терен излегоа надлежните екипи“, изјави Гур.