Serhat Zafer
15 Мај 2017•Ажурирај: 15 Мај 2017
СИВАС (АА) - Турската полиција уапси Авганистанец кај кого во поставата од палтото е пронајдено еден килограм хероин, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на Одделот за борба против трговијата со дрога спроведоа рутинска проверка на патниците во патнички автобус кој се движел од Сивас до Ерзинџан.
Притоа беше уапсен еден државјанин на Авганистан, кај кого во внатрешноста од палтото беа пронајдени и запленети 902 грама хероин.
Приведени се уште четворица други патници кај кои биле пронајдени помали количини марихуана и други средства.