İlhan Toprak
21 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Потпишан е договор за соработка меѓу Anadolu Agency (АА) и Албанската телеграфска агенција (АТА), јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот беше потпишан во претседателската резиденција во Анкара меѓу генералниот директор на АА, Шенол Казанџи и директорот на АТА Гзим Подгорица.
По средбата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган со претседателот на Албанија Бујар Нишани, исто така беше приредено потпишување на договорот за соработка помеѓу АА и АТА во присуство на двајцата претседатели.