Gökhan Yıldız
27 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот портал „Yerliara.com“, новиот пребарувач и социјален медиум на деловниот свет, ја отвори вратата за извоз на турските производи. Во рамките на платформата, 25 илјади профили на турски компании беа разгледани во повеќе од 50 земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението дадено од „Yerliara.com“, деловниот свет, кој е преместен во дигитална средина, поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) започна да обезбедува нови соработки во извозот благодарение на страницата „Yerliara.com“.
Германија е на првото место на списокот на земји што ја користат турската платформа „Yerliara.com“, потоа следуваат Азербејџан, Ирак, Кина, Иран и Велика Британија.
Делот „Фирми за борба против Ковид-19“, кој неодамна се отвори на платформата, исто така е во центарот на вниманието на странците.
Износот за откуп од компаниите е зголемен за 400 проценти.
Според статистиката на страницата, „Yerliara.com“ е посетена од вкупно 50 земји.
Портпаролот на „Yerliara.com“, Бурак Ондер, истакна дека страницата е формирана со поддршка на значајните невладини организации на бизнис-заедницата, и дека фирмите можат да ја користат бесплатно.
Тој исто така истакна дека страницата нуди многу можности, вклучувајќи ги и малите и средните бизниси.
„Нашите локални способности станаа поважни од кога било. Мора да се поддржи производствената моќ на нашите компании и можностите да се дојде до локална технологија. Благодарение на десетици невладини организации кои ја поддржуваат „Yerliara.com“, оваа моќ стана видлива“, нагласи портпаролот Ондер.