Handan Kazancı
01 Февруари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турската армија соопшти дека во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат” во изминатите 24 часа во северна Сирија се неутрализирани 14 терористи на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили уништија 163 позиции на терористите во северниот дел од Сирија, се вели во извештајот на Генералштабот за 163. ден од акцијата. Се додава дека турските авиони уништиле 21 објект, едно возило натоварено со бомби и едно седиште во регионите Ал Баб и Бзагах.
Операцијата „Штитот на Еуфрат” започна кон крајот на август минатата година со цел да се заостри безбедноста на границите, да се елиминира терористичките закани долж границата со Сирија и да се поддржат опозициските сили во Сирија. Дел од акцијата е и поддршката на турските авиони и артилерија на Умерената сириска опозиција во борбата против ДЕАШ.