Фидан: Турција се спротивставува на секаква воена интервенција против Иран
Проблемот ja има димензијата на меѓународни односи, рече Фидан, додавајќи дека Техеран е „подложен на санкции“ поради некои негови политики
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција е против каква било воена интервенција против Иран, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, повикувајќи го Техеран сам да ги реши своите „внатрешни проблеми“, јавува Анадолу.
Фидан ги даде овие изјави за време на средбата со новинарите во Истанбул.
Проблемот ја има димензијата на меѓународни односи, рече Фидан, додавајќи дека Техеран е „подложен на санкции“ поради некои негови политики.
Наведувајќи дека ги повикал иранските колеги да ги решат проблемите со земјите од регионот, Фидан рече: „Тој (Иран) треба да ги реши своите прашања во врска со глобалното нуклеарно прашање преку дипломатија без да пропушти ниту една можност со цел да може да отстрани одредени структурни проблеми што предизвикуваат економски тешкотии.“
Фидан нагласи дека кога една земја е под меѓународна изолација, обезбедувањето одредени економски услуги станува ограничено.
„Иран има големо население и динамично општество. Има софистицирани луѓе со многу силна желба за живот и за учество во општествениот живот. Кога таквото општество ќе го лишите од одредени можности, се појавуваат вакви проблеми.“
„Она што овде се меша е тоа што тешкотиите со кои се соочуваат луѓето поради економски и други причини може да се појават како идеолошко востание против режимот; во реалноста, ова претставува сива зона.“
„Кога ќе се испита внимателно, не постои ситуација што би го разгорела апетитот на некои странски земји непријателски настроени кон Иран, во смисла на непријателство кон режимот. Сепак, економските тешкотии создадени од постојните политики и неможноста за нивно ублажување, навистина предизвикуваат сериозни проблеми. Не сакаме тука да видиме никаква интервенција, но кога ќе ги погледнете политиките на (американскиот претседател Доналд) Трамп, досега не сме виделе силна преференција за употреба на копнени сили“, додаде тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
