Yıldız Nevin Gündoğmuş
29 Август 2019•Ажурирај: 30 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека многу често се случува успесите кои ги постигнува Турција плански и со цел не се изнесуваат во меѓународниот печат, јавува Anadolu Agency (AA).
Обраќајќи се на свечената церемонија на доделување награди во областа на новинарството во главниот град на Турција, Анкара, Ердоган ја нагласи важноста на слободата на медиумите и плурализмот во здраво демократско општество.
Нагласи дека е многу важно да постојат слободни медиуми во кои се застапени различни мислења и погледи.
„Лажните вести не се закана само на човековите за човечките суштества туку и на денешната демократија", истакна турскиот претседател.
Изрази тага и болка поради смртта на репортерот на Anadolu Agency (AA) Абдулкадир Нишанџи, кој загина во несреќниот настан додека бил на должност.
Посегбно ги осуди, како што ги нарече, срамните гласини кои по инцидентот се појавија на социјалните мрежи.
Нишанџи на 10 мај оваа година беше на новинарска задача на планината Соганли, висока 3.500 метри, каде што ги следеше работите на патот кој ги спојува градовите Бајбурт и Трабзон. Во обид да забележи фотографија, Нишанџи застанал на парче снежна маса кое се скршило, при што паднал во провалија.