Турција

„Турција се надева дека признавањето на Палестина ќе го забрза решението за две држави“, истакна Ердоган

- „Она што го прави ова Генерално собрание на ОН различно од претходните е тоа што многу земји ќе ја признаат државата Палестина“, рече Ердоган

Oktaj Omeragikj  | 21.09.2025 - Обновена : 21.09.2025
„Турција се надева дека признавањето на Палестина ќе го забрза решението за две држави“, истакна Ердоган

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција се надева дека претстојните одлуки на повеќе земји да ја признааат државата Палестина ќе го забрзаат спроведувањето на решението за две држави, известува Анадолу.

„Она што го прави ова Генерално собрание на ОН различно од претходните е тоа што многу земји ќе ја признаат државата Палестина“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул пред неговото заминување на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Во врска со учеството на сирискиот претседател Ахмад ал-Шара на овогодинешното Генерално собрание на ОН, турскиот претседател истакна дека Анкара нема да го напушти Дамаск и ќе ги користи сите расположливи средства за да помогне во зајакнувањето на својот сосед со секој изминат ден.

Турскиот претседател информираше и дека ќе има можност да се сретне со сирискиот претседател во Центарот ‘Туркеви’ во Њујорк за време на Генералното собрание.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.