Турција

Турција решително ја продолжува кандидатурата за домаќин на КОП31, порача турската заменик-министерка

„Нашата кандидатура за КОП31 не е само регионален приоритет туку повик за глобална солидарност за нашата заедничка иднина“

Gülşen Çağatay  | 17.11.2025 - Обновена : 17.11.2025
 Турција решително ја продолжува кандидатурата за домаќин на КОП31, порача турската заменик-министерка

БЕЛЕМ (АА) – Турција со силно темпо ја продолжува својата кандидатура за домаќин на 31. Конференција на страните (COP31) во рамките на Рамковната конвенција на Обединетите нации (ОН) за климатски промени следната година, изјави денес заменик-министерката за животна средина, урбанизам и климатски промени и главна преговарачка за клима на Турција, Фатма Варанк, јавува Анадолу.

Во разговорот за Анадолу на маргините на КОП30 во Белем, главниот град на бразилската држава Пара, Варанк истакна дека климатските промени остануваат една од најголемите глобални закани, за што се потребни силни заложби од сите земји.

Таа потсети дека за време на 80. Генерално собрание на ОН во Њујорк се воделе разговори со Австралија, при што двете земји постигнале заедничко разбирање за заедничко одржување на КОП31.

„Всушност, се договоривме во рок од две недели да го финализираме Меморандумот за разбирање со деталите за имплементација“, рече Варанк.

Но, според неа, австралискиот премиер во официјално писмо до претседателот Реџеп Таип Ердоган навел дека Австралија сака сама да ја организира конференцијата и дека не сака да продолжат преговорите за веќе договорените точки.

„Во одговорот на Турција беше посочено дека договорот постигнат во Њујорк претставува пример за соработка што го зајакнува мултилатерализмот во денешниот меѓународен контекст. Турција нагласи и дека останува отворена за соработка“, додаде Варанк.

Истовремено било пренесено дека доколку не се постигне заедничко решение, Турција е подготвена сама да биде домаќин на КОП31 и да ја преземе претседавачката улога.

Варанк потенцираше дека Турција, со ставање на климатското дејствување во центарот, придава големо значење КОП31 да се насочи не само кон еден регион туку кон сите ранливи региони, вклучително и Пацификот, кој е меѓу најпогодените од климатската криза.

Таа нагласи дека доколку Турција го преземеме одржувањето на КОП31, ќе може да дејствува како мост меѓу развиените и земјите во развој.

„Нашата кандидатура за КОП31 не е само регионален приоритет туку повик за глобална солидарност за нашата заедничка иднина“, изјави Варанк.

Таа повтори дека Турција е целосно подготвена да ја организира КОП31 самостојно и да ја преземе претседателската улога.

Учеството на потпретседателот Џевдет Јилмаз на Лидерскиот самит на КОП30 во Белем, според неа, ја покажува јасната решителност на Анкара да ја добие организацијата на конференцијата.

Варанк додаде дека министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени Мурат Курум ќе пристигне во Белем на 18 ноември за да учествува на министерската сесија и очекува дека разговорите околу кандидатурата на Турција ќе се забрзаат и наскоро ќе има одговор за тоа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın