Ahmet Furkan Mercan,İlkay Güder
23 Август 2019•Ажурирај: 24 Август 2019
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, коментирајќи ги активностите околу истражувањето на јаглеводородот во источното Средоземје, порача дека Турција продолжува со истражувачките активности со иста одлучност, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со премиерот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар, во Анкара, Ердоган во обраќањето пред новинарите потсети на непомирливите ставови на кипарските Грци поради спорот за Кипар.
„Ниту еден проект со кој се игнорира Турција или Турската Република Северен Кипар не може да се реализира во Источен Медитеран“, рече Ердоган.
Премиерот Татар изјави дека многу им значи поддршката што Турција им ја дава со цел заштита на правата и интересите на кипарските Турци.
Додаде дека е потребно да се биде внимателен во меѓународните преговарачки позиции во врска со решавањето на кипарското прашање.