Faruk Zorlu
14 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика граѓаните на Турција да се придржуваат до мерките преземени во борбата против пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Очекувам дека нашата нација внимателно ќе ги почитува мерките кои ги презедовме за борба против пандемијата во овој критичен период", рече Ердоган преку видеолинкот на конгресот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) во Истанбул.
„Ако не се придржуваме до правилата и не го заштитиме сопственото здравје, можеби тешко ќе го поднесеме тој товар. Благодарејќи на силната инфраструктура која ја изградивме во нашата земја, Турција помина со минимални губитоци во период на пандемијата, со која многумина земји тешко се носат", нагласи претседателот Ердоган.
„Турција исто така презема чекори кои земјата ќе ја донесат на заслужено место во глобалниот политички и економски поредок, кој ќе се преобликува по пандемијата", рече Ердоган.
„Турција почнува нова ера на реформи во економијата, демократијата, правосудството", рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во Турција досега се регистрирани 407.939 случаи на заразување со Ковид-19. Од Ковид-19 оздравеа 348.804 лица, додека од последиците на Ковид-19 починале 11.326.