Gökhan Ergöçün
25 Јануари 2022•Ажурирај: 25 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската национална авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс“ ги прекина летовите до и од Аеродромот „Истанбул“ до утре, поради обилните врнежи од снег, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Надлежните продолжуваат да работат за да ги подготват нашите аеродроми и транспортни рути за нашите летови“, објави на Твитер Јахја Устун, виш потпретседател на „Туркиш ерлајнс“ за односи со медиумите.
Претходно, државната авиокомпанија ги откажа сите летови од аеродромот до 16:00 часот денес.