Турција

„Светот е поголем од петте членки на СБОН, не се во состојба да го решат израелското прашање“

Ердоган говореше на конференцијата за новинарите на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, пред поаѓањето во САД, а причина за неговата посета на САД е обраќањето во Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк

Hatice Şenses Kurukız, Berk Özkan  | 21.09.2019 - Обновена : 22.09.2019
„Светот е поголем од петте членки на СБОН, не се во состојба да го решат израелското прашање“

ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул го критикуваше Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), порачувајќи дека не се во состојба да го решат израелското прашање, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган говореше на конференцијата за новинарите на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, пред поаѓањето во САД, а причина за неговата посета на САД е обраќањето во Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Сите подготовки долж границата со Сирија се завршени. САД се наш стратешки партнер, наш партнер во НАТО, веќе долга низа години го продолжуваме нашето стратешко партнерство. Наша желба не е да сме во ситуација да бидеме против САД. Исто така, го немаме тој луксуз само да ја надгледуваме и занемаруваме поддршката на терористичките организации од страна на САД. Очигледна е нивната поддршка на терористичките организации како што се ЈПГ/ПКК“, рече Ердоган.

Упати критики кон Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), порачувајќи дека „светот е поголем од пет“ - алудирајќи на петте постојани членки на СБОН.

„Не се во состојба да решат едно израелско прашање. На сите им е познато на која точка сме денес. Израелското прашање не е решено. Израел не ги признава одлуките на ОН. Нека ни одговорат на тоа. Израел од 1948 година, мислам на територијата, дали тоа денес е истиот Израел?“, порача Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.