Kadir Yıldız
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
КОЏАЕЛИ (АА) - Министерот за одбрана на Турција, Фикри Ишик изјави: „Тоа дека ПЈД ги претставува Курдите во Сирија е една голема лага. Во моментов, ПЈД е организација која изврши најголем број убиства врз Курдите во Сирија. ПЈД е организација која има непријателски став кон сите курдски елементи кои не се согласуваат со нивниот начин на размислување и кои не се под нивна контрола, организација која одвреме навреме ги убива и ги елиминира. Тоа треба особено да се истакне, бидејќи ставот на Турција не е против Курдите”, јавува Anadolu Agency (AA).
„И тие (ПЈД) увидоа дека доколку не го напуштат Мунбич, ќе бидат отстранети од градот. Може да се забележи дека договарајќи се со ДЕАШ и режимот, сакаат да го реализираат планот со кој териториите кои ги напуштаат да им ги отстапат на режимот. Затоа, потребно е коалициските сили на чело со САД да бидат многу внимателни, бидејќи би сакале да знаат дека овој проблем делува врз чуствителната рамнотежа во подрачјето“, истакна министерот Ишик.