Kubilay Çelik
14 Април 2017•Ажурирај: 14 Април 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска во Анкара изјави дека е подготвен да поднесе оставка од функцијата претседател на владејачката Партија на правдата и развојот (АК парти), и како премиер доколку уставните реформи за кои граѓаните ќе се изјаснуваат на референдумот во неделата, на било кој начин значат федерализација на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ако уставните промени во било кој свој дел имаат член кој ја отвора вратата на федерализацијата, на системот на децентрализираните региони, ќе се повлечам од позицијата на премиер и партиски претседател", рече Јилдирим.
Турскиот премиер рече дека самата полемика за таквите прашања нанесува голема неправда на Турција, чиј устав во првите три членови е дефиниран системот на уредување на земјата.
Јилдирим потсети на важноста на унитарна држава структура, велејќи дека четирите основни принципи на партијата која ја предводи се една држава, еден народ, едно знаме и една земја.