Турција

„Моќта, богатството и проспертитетот на Турција ќе ги подигнеме многу повисоко“

„Ја покажавме нашата хуманост како нација, во светот каде што многу се зборува за глобалната солидарност, а малку се спроведува“, истакна турскиот претседател во својата порака по повод Бајрам

Ferdi Türkten  | 23.05.2020 - Обновена : 24.05.2020
„Моќта, богатството и проспертитетот на Турција ќе ги подигнеме многу повисоко“

АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека во светот, кој политички и економски ќе се реконструира по епидемијата, моќта, богатството и просперитетот на Турција ќе се подигнат на многу повисоко ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Ердоган упати порака по повод Рамазан бајрам.

Ердоган, честитајќи им го Рамазан бајрам на граѓаните, потсети дека празникот треба да се слави во своите домови поради појавата на коронавирусот, што го погоди целиот свет и Турција.

Ердоган, посочувајќи дека човечкото семејство поминало низ тежок тест во процесот на епидемијата, рече дека Турција, заедно со државата и народот, овој тест го поминала многу добро.

„Во светот кој политички и економски ќе се реконструира по епидемијата, моќта, богатството и просперитетот на Турција ќе ги подигнеме на многу повисоко“, нагласи Ердоган.

Наведувајќи дека многу области од економијата, па сè до општествениот живот, се сериозно погодени од мерките спроведени во борбата против епидемијата, Ердоган рече: „Март и април беа проблематични месеци, во мај заедно со другите земји полека ги презедовме чекорите за нормализација. Ако ги почитуваме мерките, маска-дистанца-чистота, со божја помош и од овој процес ќе излеземе со успех.“

Истакнувајќи дека поголемиот дел од земјите за време на епидемијата се затвориле сами во себе и со ограничените можности се бореле против болеста, Ердоган рече дека Турција покрај тоа што ги исполнила своите потреби, помогнала на многу пријателски и братски народи.

„Ја покажавме нашата хуманост како нација, во светот каде што многу се зборува за глобалната солидарност, а малку се спроведува“, нагласи Ердоган, претседателот на Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.