Mehmet Tosun
11 Декември 2019•Ажурирај: 11 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека доделувањето на Нобеловата награда на австрискиот книжевник Петер Хандке, кој, како што рече, е претставник на вампирска група интелектуалци, покажува дека е создадена вампирска заедница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на настан организиран во турскиот главен град реагираше против доделувањето на Нобеловата награда на Хандке, нагласувајќи дека овие денови настана скандал, поради одлуката на Хандке да му биде доделена оваа награда.
„Мојот брат Бакир Изетбеговиќ ни упати благодарност во врска со скандалот со Нобеловата награда, и ние од Турција му возраќаме со благодарност. Во мое име и во име на мојот народ упатувам благодарност до сите политички лидери кои го поддржаа овој чесен став“, рече Ердоган, укажувјаќи на реакцијата против доделувањето на Нобеловата награда на Хандке.
„Доделувањето на Нобеловата награда на Хандке, кој е претставник на вампирска група интелектуалци, покажува дека е создадена вампирска заедница“, додаде Ердоган.
Турскиот претседател рече дека Организацијата на Нобел, според нив, веќе не може да се смета како организација која доделува награди во рамки на праведност.
Според Ердоган, оваа организација веќе е целосно политизирана и целосно стои до терористичките организации.