Турција, живот

„Дедо Херкулес“ од Анталија пример за младите со здравиот начин на живот

Секое утро взори тој вози велосипед од дома до плажата, каде што се загрева, трча и вежба со големи камења што ги наоѓа на песокот. Потоа околу еден час плива во морето, а денот го завршува со двочасовна тренинг-сесија со тегови во теретана.

Aida Cako  | 27.09.2025 - Обновена : 29.09.2025
„Дедо Херкулес“ од Анталија пример за младите со здравиот начин на живот

АНТАЛИЈА (АА) – Еркан Јилмазер, познат под прекарот „Дедо Херкулес“, е 76-годишен жител на Анталија, Турција, кој секое утро редовно трча на плажа, јавува Анадолу.

Јилмазер е вистински пример и инспирација и за своите врсници и за младите бидејќи, покрај трчањето, секојдневно вежба и со тегови во теретана.

Тој е роден во Истанбул, а уште како дете покажал интерес за фудбал, борење, бокс и џудо.

Подоцна станал дисциплиниран бодибилдер што никогаш не се откажал од спортот, иако имал кратки паузи во различни периоди.

По преселбата во Анталија, неговата спортска рутина станала уште построга. Секое утро взори тој вози велосипед од дома до плажата, каде што се загрева, трча и вежба со големи камења што ги наоѓа на песокот. Потоа околу еден час плива во морето, а денот го завршува со двочасовна тренинг-сесија со тегови во теретана.

Благодарение на строгата дисциплина и исхраната богата со протеини, јаткасти плодови и овошје, Јилмазер изгледа и се чувствува многу помладо од своите години.

Луѓето околу него постојано се изненадуваат кога ќе дознаат дека има 76 години.

Наречен „Дедо Херкулес“ поради силата и издржливоста, тој е симбол за мотивација и здрав животен стил, докажувајќи дека годините се само бројка.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.