Gülsem Adam
24 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
АНТАЛИЈА (АА) - „Да се напиеме чај“, е шифрата со која членовите на терористичката организација ФЕТО продолжија да се состануваат, кажано е на судењето на припадниицте на таа организација во Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од исказот на тајниот сведок во случајот против 12 лица, на кои им се суди поради членство во терористичката организација, се дознава дека припадниците на ФЕТО продолжиле да се состануваат, користејќи шифри.
Тајниот сведок изјави дека членовите на ФЕТО, во подрачјето Коркутели, се состанувале во вечерните часови, поделени на три групи.
Тој додаде дека состаноците се организирани под шифра и по процесот „17/25 декември“.
„Состаноците по телефон или директно лице в лице, се договарани под шифрата 'да се напиеме чај'. Постојано се менуваа местата за одржување на средбите“, рече тој.
Според неговите зборови, присутните на средбите, на кои им се читале книги на водачот на терористичката организација, Фетула Ѓулен, издвојувале високи средства за помош на организацијата.
Тој додаде дека се собирале средства за изградба на училиштата на ФЕТО во странство, а парите се праќани по лицата кои заминувале на патувања.
„Членовите на организацијата, еднаш во три месеци заминуваа во странство на пат. Всушност, овие патувања, нарекувани излети, овозможуваа праќање на собраните пари“, изјави тајниот сведок.
Тој додаде дека лицата што носеле пари и ги прикажувале како свои, не зборувале по телефон, туку разговарале директно лице в лице.