Merve Yıldızalp
13 Декември 2018•Ажурирај: 14 Декември 2018
АНКАРА (AA) - Фахретин Алтун, шефот за односи со јавноста при Кабинетот на претседателот на Турција, изјави дека прекуграничната воздушна операција на турските сили е порака на оние кои го поддржуваат тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оваа операција е удар на тероризмот како и порака на оние кои го поддржуваат тероризмот", напиша Алтун на Твитер профилот.
Нагласи дека операцијата на турските сили на северот на Ирак била многу успешна.
„Вечерва турските вооружени сили изведоа успешна воздушна операција на Синџар и планината Караџак, важни упоришта на кои се движат терористички елементи кои претставуваат закана за регионалната стабилност како и за нашата национална безбедност", додаде Алтун.
Потсетуваме, турските сили покренаа воздушна операција на подрачјето на Синџар и планината Караџак, на северот на Ирак, кои терористите на ПКК ги користат како своја база.
Според соопштението на Министерството за одбрана на Турција, воздушната операција е изведена во согласност со легитимно право на самоодбрана кое произлегува од меѓународното право.
Целта на операцијата е да се неутрализираат ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и други терористички елементи, да се спречат терористичките напади од северот на Ирак на народот и на силите за безбедност и да се воспостави безбедност на границите.
Во соопштението се додава дека мета на операцијата биле упоришта, пештери и тунели каде се наоѓаат терористите и дека се преземени потребни мерки за да животот на цивилите и нивниот имот бидат сигурни.