Mutlu Demirtaştan
25 Август 2023•Ажурирај: 26 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со четиринаесеттата трка во сезоната што ќе се одржи во Холандија, јавува Анадолу.
За Големата награда на Холандија на патеката „Зандворт“, која е долга 4,2 километри и се наоѓа во градот Зандворт, на брегот на Северното Море, возачите ќе треба да возат 72 круга.
Утре ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката за Големата награда на Холандија е закажана за 27 август, недела, со почеток во 15:00 часот.
Шестата трка, која требаше да се одржи во Емилија-Ромања, беше одложена поради поплавите во Италија.
Пред трката за Големата награда на Холандија, пласманот на возачите и тимовите е следниов:
- Пласман на возачите:
1. Макс Верстапен (Холандија): 314 поени
2. Серџо Перез (Мексико): 189 поени
3. Фернандо Алонсо (Шпанија): 149 поени
4. Луис Хамилтон (Велика Британија): 148 поени
5. Чарлс Леклерк (Монако): 99 поени
- Пласман на тимовите:
1. Ред Бул: 503 поени
2. Мерцедес: 247 поени
3. Астон Мартин: 196 поени
4. Ферари: 191 поен
5. Мекларен: 103 поени