Yunus Kaymaz
22 Февруари 2019•Ажурирај: 23 Февруари 2019
НИОН (АА) - „Дициплинската комисија на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) донесе одлука за суспензија на трансферите на англискиот премиерлигаш Челзи поради неправилности за време на регистрацијата и трансферот на играчи помлади од 18 години“, соопшти ФИФА, пренесува Anadolu Agency (AA).
Суспензијата на трансферот на лондонските „сини“ ќе се однесува на наредните два преодни рока.
Лондонскиот клуб е казнет со 600.000 швајцарски франци, а Англиската фудбалска федерација со 510.000.
Клубот, кој од клупата го води италијанскиот тренер Маурицио Сари, во наредните два преодни рока нема да може да донесе нови играчи, но ќе може да продава фудбалери од сегашниот список.