Bedrudin Brlyavac
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Екипата на Фенербахче вечерва во салата Синан Ерден во Истанбул во второто полуфинале од Фајнал-фор кошаркарска Туркиш Ерлајнс Евролига го совлада Реал Мадрид со резултат 84:75 и така избори пласман во финалето каде ќе ги одмери силите со грчкиот Олимпијакос, јавува Anadolu Agency (AA).
Првата четвртина Фенербахче со подобра игра ја реши во корист со резултат 21:13. Фенер и во втората четвртина продолжи со добра игра па успеа да слави со 23:21 и на одмор замина со резултат 44:34. Турскиот тим и во третата четвртина имаше предност со резултат 19:16.
По многу неизвесна последна четвртина во која Реал беше подобар со 25:21, Фенербахче сепак на крај славеше со конечни 84:75.
Потсетуваме, во првото полуфинале, екипата на Олимпијакос вечерва во Истанбул го совлада ЦСКА од Москва со резултат 82:78. Натпреварот за трето место се игра на 21 мај, во 17 часот, додека финалниот меч е закажан истата вечер за 20 часот.