Emre Aşıkçı
19 Август 2023•Ажурирај: 20 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Светското првенство во атлетика 2023, на кое учествуваат над 2.000 атлетичари и атлетичарки од 202 земји во светот, започна денеска во Будимпешта, главниот град на Унгарија, јавува Анадолу.
Светското атлетско првенство во организација на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) се одржува од 1983 година, кога главниот град на Финска, Хелсинки, прв ја имаше честа да биде домаќин.
Вкупниот награден фонд на овогодишното првенство изнесува 8,4 милиони долари. Шампионите ќе добијат 70.000 долари, второпласираните 35.000 долари, а третопласираните 22.000 долари.