Bedrudin Brlyavac
17 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
САРАЕВО (АА) - Европската Унија (ЕУ) им постави рок на Полска и Унгарија до јуни оваа година почнат да ги прифаќаат бегалците од Италија и од Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Европскиот комесар за миграции, Димитрис Аврамопулос, вчера изјави за новинарите дека доколку не ја почитуваат одлуката на Брисел, двете земји ќе бидат санкционирани.
„Апелирам до Полска и Унгарија, кои не примија ниту едно лице досега, да почнат веднаш со тоа“, изјави Аврамопулос.
Тој додаде дека постојат механизми според кои Полска и Унгарија би можеле да бидат казнети.
„Доколку не преземат ништо пред следниот извештај на Европската комисија во јуни, Комисијата нема да се двоуми да ги искористи своите овластувања врз основа на потпишаните договори и да поведе прекршочни процедури“, рече Аврамопулос.
Над 45.000 лица само оваа година стигнаа до Италија со чамци од Северна Африка, што е за 40 отсто повеќе во споредба со истиот период 2016 година.
Унгарија и Полска на Европскиот суд на правдата ги оспоруваат квотите на ЕУ за мигрантите, тврдејќи дека таквата распределба меѓу државите членки е незаконска.