Oktaj Omeragik
07 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
СКОПЈЕ
Во УЕФА Лигата на шампиони синоќа се одиграа последните натпревари од 4. коло, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа последните 8 натпревари од 4. коло на УЕФА Лигата на шампиони, најпрестижното европско фубалско клупско натпреварување.
Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу го пречека Галатасарај, нанесувајќи му тежок пораз од 6 : 0. Веќе во 14. минута од средбата Реал водеше со 3 : 0, а погодоците ги постигнаа Родриго во 4. и 7. минута и Серхио Рамоз во 14. минута со удар од белата точка. Првото полувреме заврши 4 : 0, а погодокот во 45. минута го постигна Карим Бензема.
Во второто полувреме Реал Мадрид постигна уште два погодоци, вториот на Бензема во 81. минута и третиот на Родригез во судиското продолжение 90+2 за негов хет-трик.
Црвена звезда во Белград му беше домаќин на Тотенхем. Гостите во 34. минута преку Џовани Ло Селсо поведоа со 0 : 1, резултат со кој заврши првото полувреме. Во вториот дел Тотенхем покажа поефикасна игра и на крајот славеше со убедливи 0 : 4, а погодоците ги постигнаа Хеунг Мин Сон во 57. и 61. минута и Кристијан Ериксен во 85. минута од натпреварот.
Интересен и неизвесен натпревар се одигра во Москва, каде што Локомотив го пречека Јувентус. Гостите веќе во 3. минута поведоа со 0 : 1 преку Арон Ремзи. Домаќините бргу се созедоа по големиот шок и веќе во 12. минута го изедначија резултатот на 1 : 1 со погодокот на Алексеј Миранчук. Со тој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел од играта немаше погодоци и кога сите помислуваа дека натпреварот ќе заврши без победник, во судиското продолжение 90+3, Даглас Коста од Јувентус постигна гол вреден 3 бода за Јувентус.
Најтрагичен натпревар за еден претставник од балканските простори се одигра во Загреб, каде што Динамо, во чии редови игра репрезентативецот на Македонија, Аријан Адеми, на домашен терен го пречека Шахтјор Донецк. Шахтјор веќе во 13. минута поведе со 0 : 1 преку Алан Патрик, но Динамо се созеде и во 25. минута изедначи на 1 : 1 со погодокот на Бруно Петковиќ. Лука Иванушец го доведе Динамо во водство од 2 : 1, а Аријан Адеми во 89. минута го зголеми водството на 3 : 1.
Иако екипата на Динамо Загреб водеше со 3 : 1 во 90. минута од натпреварот, во судиското надополнување домаќините примија два гола. Алуизио Мореаш во 90+4 минута намали на 3 : 2, а во 90+7 минута судијата со помош на ВАР-системот досуди пенал за Шахтјор. Тете го претвори во погодок ударот од белата точка за конечни 3 : 3. Динамо на крајот на Максимир освои само еден бод и ја загуби речиси сигурната можност со победа да се пласира во наредната фаза на Лигата на шампиони.
Резултати од синоќа одиграните средби:
Реал Мадрид - Галатасарај 6 : 0
Црвена звезда - Тотенхем 0 : 4
Локомотив Москва - Јувентус 1 : 2
Баерн Минхен - Олимпијакос 2 : 0
Динамо Загреб - Шахтјор Донецк 3 : 3
Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид 2 : 1
Париз Сен Жермен - Клуб Бриж 1 : 0
Аталанта - Манчестер Сити 1:1.